Репозиториум од апликацијата која што е тестирана: https://github.com/viktor-meglenovski/dnick-hifi-prototype
Целта на овој проект е да се тестира интерфејсот на веб апликација со помош на Selenium, како и да се тестира сервисната логика на апликацијата со помош на мутациско тестирање. Апликацијата која што се тестира е „ПрваПомош++“ која што самостојно ја изработив во рамки на предметот Дизајн на интеракцијата човек-компјутер.
Во рамки на овој проект искористени се неколку различни библиотеки и модули за тестирање, меѓу кои: JUnit, Mockito, Pittest и Selenium.
Корисничкиот интерфејс на апликацијата, којшто е креиран со Thymeleaf template engine е тестиран со помош на Selenium. Напишани се голем број на тестови во кои се проверува:
- Присуство/отсуство на одредени компоненти при одредени случаи
- Точност на патеки и линкови
- Однесување на апликацијата при симулирање на цело корисничко сценарио
За тестирање на сервисната логика на апликацијата, напишани се голем број Unit тестови. Користени се мутанти како критериум за покриеност на тестовите. Во рамки на тестовите се искористени Mock објекти до потребните зависности (Repository и други Service имплементации). Користена е Pittest библиотеката за приказ на покриеноста на мутантите. На крајот добиена е 100% покриеност на сите функции, сите редови код и сите мутанти од сервисната логика.